• вторник, 20 август 2024

Извлечени двојките за 1/16 финалето во Купот на Македонија

Извлечени двојките за 1/16 финалето во Купот на Македонија

Скопје, 20 август 2024 (МИА) - Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денес се извлечени двојките за 1/16 финалето од Купот на Македонија.

Двојките се: 
Победа – Гостивар
Џепчиште – Шкупи
Кожуф – Арсими
Вардар Неготино – Брера
Јени Маале – Шкендија
Беласица – Македонија ЃП
Башкими – Воска Спорт
Охрид – Беса
Шкендија Арачиново – Работнички
Карбинци – Силекс 
Борец – Детонит Плачковица
Слога 1934 – Струга ТЛ
Скопје – Пелистер
Новаци – Вардар. 

Натпреварите ќе се играат на 18 септември.

Трофејот го брани Тиквеш, кој има директен пласман во осминафиналето. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан