• недела, 19 мај 2024

Извлечени групи во Конференциската лига

Извлечени групи во Конференциската лига
Истанбул, 26 август 2022 (МИА) – Европската фудбалска федерација (УЕФА) попладнево со жрепка во Истанбул го одреди составот на осумте групи во Конференциската лига. Косовскиот Балкани, кој вчера со вкупни 3-1 го елиминираше македонскиот првак Шкупи во плејофот, за противници ги доби Славија Прага, Клуж и Сиваспор, додека „најзвучна“ е групата Б во која ќе играат Вест Хем, Андерлехт, ФЦСБ и Силкеборг. Состав на групите: Група А – Башакшехир, Фиорентина, Хартс, Рига Група Б – Вест Хем, ФЦСБ, Андерлехт, Силкеборг Група Ц – Виљареал, Хапоел Бер – Шева, Австрија Виена, Лех Познањ Група Д – Партизан, Келн, Ница, Словачко Група Е – АЗ, Аполон, Вадуз, Дњипро – 1 Група Ф – Гент, Молде, Шамрок, Ѓургарден Група Г – Славија Прага, Клуж, Сиваспор, Балкани Група Х – Базел, Слован Братислава, Жалгирис, Пјуник. Групната фаза во третото по ранг европско клупско натпреварување почнува на 8 септември, а завршното коло е на програмата на 8 ноември. Финалето е закажано за 7 јуни идната година на „Фортуна арена“ во Прага. ег/паг/

Остани поврзан