• понеделник, 23 декември 2024

Извидници од поречанскиот одред „Галеб“ собраа 30 вреќи цврст отпад од кејот на Вардар во општина Аеродром

Извидници од поречанскиот одред „Галеб“ собраа 30 вреќи цврст отпад од кејот на Вардар во општина Аеродром
Скопје, 19 март 2022 (МИА) - Повеќе од 30 вреќи цврст отпад е собран во денешната акција за чистење организирана од Извидничко поречанскиот одред „Галеб“ Скопје во соработка со општина Аеродром. Во акцијата, во која учествуваа 40 извидници на возраст од 8 до 22 години, со помош на  вработените од ЈП Комунална хигиена, е исчистен и кејот на реката Вардар, од паркот на авиончето до паркот на последна петка. Во оваа активност учествувал и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски. - Освен што се постигнаа видливи резултати со чистењето, извидниците сакаат да испратат силна порака, дека се грижат за заедницата и само преку личен пример и ангажман може да се направат поголеми промени кои ќе водат кон почиста средина, се наведува во соопштението од Извидничко поречански одред „Галеб“ Скопје. цр/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан