• понеделник, 23 декември 2024

Извештај: Сè помалку луѓе им веруваат на традиционалните медиуми, а сè повеќе се инфомираат преку Тикток

Извештај: Сè помалку луѓе им веруваат на традиционалните медиуми, а сè повеќе се инфомираат преку Тикток

Њујорк, 14 јуни 2023 (МИА) - Бројот на луѓе кои глобално пристапуваат до вести преку веб-страница или апликација е намален за 10 процентни поени од 2018 година, при што помладите групи претпочитаат да се информираат преку социјалните медиуми, пребарувачите или мобилните агрегатори, соопшти Институтот на Ројтерс за проучување на новинарството во својот годишен извештај за дигитални вести.

Публиката посветува поголемо внимание на познатите личности, влијателните и личностите на социјалните медиуми отколку новинарите на платформи како што се ТикТок, Инстаграм и Снепчет, објави Институтот.

Според извештајот, ТикТок е најбрзо растечката социјална мрежа што ја користат за вести 20 отсто од лицата на возраст од 18-24-години, што е за пет процентни поени повеќе од минатата година. Помалку од 50 отсто од испитаници изразиле некаков интерес за вести, што е нагло намалување од 60 проценти во 2017 година.

Помалку од една третина од испитаниците рекле дека изборот на вести врз основа на минатите пребарувања е добар начин да се остане информиран, за шест процентни поени помалку од 2016 година. Сепак, луѓето претпочитаат алгоритми за да ги изберат своите вести отколку уредници или новинари.

Довербата во вестите е намалена за два процентни поени во изминатата година. Во просек, 40 отсто од луѓето велат дека генерално им веруваат на повеќето вести. САД забележаа шест отсто зголемување на довербата во вестите, на 32 отсто, но сепак беа меѓу најниските во истражувањето.

На сите пазари, 56 проценти од луѓето велат дека се загрижени за препознавањето на разликата помеѓу вистинските и лажните вести онлајн - два процентни поени повеќе од минатата година.

Истражувањето покажа дека 48 отсто од луѓето велат дека се многу или екстремно заинтересирани за вести, што е намалување од 63 отсто во 2017 година.

Извештајот e заснован на онлајн анкета, со која се опфатени приближно 94.000 возрасни лица, спроведена во 46 земји, вклучувајќи ги и САД. ссм/

фото: пиксабеј

Остани поврзан