• петок, 22 ноември 2024

Избрани претставниците за европското финале на „Европскиот квиз на пари“ 

Избрани претставниците за европското финале на „Европскиот квиз на пари“ 

Скопје, 25 март 2022 (МИА) - Матеја Талеска и Дино Дановиц од училиштето СУГС „Joсип Броз Тито“ - Скопје, под менторство на професорката Емилија Величкова, се претставниците на Република Северна Македонија на Европското финале на Европскиот квиз на пари”.

Како што информираат од Македонската Банкарска Асоцијација, Талеска и Дановиц на националниот натпревар успеале да ги победат останатите 439 тима, од кои 423 тима се натпреварувале на македонски, а 16 тима на албански јазик.

Европското финале на квизот, ќе се одржи виртуелно на 10 мај, а освен со парична награда, за првпат, Европската банкарска федерација петте најдобри тима ќе ги награди со дводневно патување во Брисел, Белгија.

Европскиот квиз на пари” е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на ученици од 13 до 15-годишна возраст, што Македонската банкарска асоцијација го организира во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија. ар/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан