• сабота, 04 мај 2024

Избрани потпретседател на Македонски Концепт и раководство на Женски концепт

Избрани потпретседател на Македонски Концепт и раководство на Женски концепт
Скопје, 22 јули 2021  Македонски Концепт, како отворена политичка платформа, постојано работи на вклучување на нови кадри кои се залагаат за полна демократизација на македонското општество. Граѓанскиот активизам претставува клучна компонента на Македонски Концепт, при што беа распишани огласи за избор на потпретседател задолжен за стручни тимови на Македонски Концепт, претседател и заменик претседател на Женски Концепт. На седница одржана на 21 јули 2021 година, Националниот совет на Македонски Концепт ги избра: 1. Владимир Бангиевски за потпретседател задолжен за стручните тимови на Македонски Концепт. Бангиевски е магистер по правни науки на Правниот Факултет при Универзитетот во Белград, Србија. Бангиевски има долгогодишно работно искуство во адвокатурата и застапување на странките пред судовите. 2. Даниела Гаврилоска за претседател на Женски Концепт. Гаврилоска е дипломиран машински инженер за термотехника/термоенергетика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со над 23 години работно искуство како одговорен инженер за дневно планирање во АД Мепсо. Исто така, таа е член во работни групи на Европската мрежа на Оператори на системи за пренос на eлектрична енергијa. На последните парламентарни избори настапуваше како кандидат за пратеник на граѓанските листи на Македонски Концепт во првата изборна единица. 3. Лулјета Ајрулаи за заменик претседател на Женски Концепт. Ајрулаи е магистер по социолошки науки на Институтот за Социологија на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ајрулаи има долгогодишно работно искуство како социјален работник во ЈУ Центар за Социјална Работа во Кичево и координатор на Дневниот центар за лица со посебни потреби. На последните парламентарни избори настапуваше како кандидат за пратеник на граѓанските листи на Македонски Концепт во петата изборна единица. Тим за комуникација со јавност на Македонски Концепт __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан