• петок, 05 декември 2025

„Избор. Порта на животот“', поетска книга од Јусуф Сулјејман во издание на „Макавеј“

„Избор. Порта на животот“', поетска книга од Јусуф Сулјејман во издание на „Макавеј“

Скопје, 7 мај 2025 (МИА) - Книгоиздателството „Макавеј“ во годинашната поетска едиција ја објави поетската книга „Избор. Порта на животот“ од ромскиот поет од Македонија Јусуф Сулејман.

Стихозбирката „Избор, Порта на животот“ е обемна поетска исповед на околу 190 страници и претставува рефлексивно, но и реално трагање по суштината на животот. Поезијата од оваа книга ги актуелизира и поетки ги артикулира прашањата кој, кога, што и како го определува самото течение на животот, колку единката е моќна да се избори за својата опстојба на планетата, но истовремено и колективитетот како целина, како држава, како народ, наведуваат издавачите.

Секоја песна во книгата претставува една целина со мноштво асоцијации на настаните и собитијата кои произлегуваат од минатото, сегашноста и кои авторовата имагинација ги проектира во иднината.

Јусуф Сулејман е поет, есеист, романсиер, раскажувач, писател за деца, преведувач... Пишува на ромски и на македонски јазик. Има објавено голем број авторски книги и преводи. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. нд/са/

Фото: Макавеј

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан