• понеделник, 23 декември 2024

„Изборен систем и реформи“ - Препораки на ЦИВИЛ за слободни и демократски изборни процеси

„Изборен систем и реформи“ - Препораки на ЦИВИЛ за слободни и демократски изборни процеси
Скопје, 2 март 2022 (МИА) - „Изборен систем и реформи: Препораките на ЦИВИЛ“ беше денешната тема на панел дискусиите, што ЦИВИЛ ги организира секоја среда и се дискутира за актуелни теми. Како еден од набљудувачите на изборните процеси од 2008 година, ЦИВИЛ препорачува Северна Македонија да биде една изборна единица, со цел да се обезбедат слободни и демократски изборни процеси, без вообичаените изборни нерегуларности. Во однос на промените во Изборниот законик, од ЦИВИЛ истакнаа дека се потребни реформи во Државната изборна комисија, како и во структурата на институцијата. - Потребно е да се назначат овластени лица за поднесување на приговори и тие да бидат релевантни домашни организации кои спроведуваат мониторинг на изборните процеси. Исто така, потребно е да се прочисти избирачкиот список и да се продолжи рокот за обуки и едукација, како и избор на членови на ОИК и ИО, во случаи кога се работи за редовни изборни циклуси, велат од ЦИВИЛ. Од организацијата препорачаа и регулирање на периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања, кога учесниците во изборниот процес наоѓаат начин да го заобиколат законот и предвреме ги започнуваат кампањите. ки/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан