• петок, 27 декември 2024

ИДФ соопшти дека експлозијата во болницата била предизвикана од „ракети на милитантите“

ИДФ соопшти дека експлозијата во болницата била предизвикана од „ракети на милитантите“

Ерусалим, 17 октомври 2023 (МИА)-Израелските одбранбени сили (ИДФ) на X објавија дека веруваат оти нападот врз болницата Ал Ахли бил од ракетен бараж истрелан од палестински милитанти.

- Анализата на оперативните системи на ИДФ покажува дека канонада ракети биле истрелани од терористите во Газа, кои минувале во непосредна близина на болницата Ал Ахли во Газа во моментот кога била погодена. Разузнавачките податоци од повеќе извори што ги имаме во наши раце покажуваат дека Исламски џихад е одговорен за неуспешното лансирање ракета што ја погоди болницата во Газа, се вели во соопштението на ИДФ. јт/

Фото: Х

Остани поврзан