• четврток, 18 декември 2025

ИДФ потврдија дека извршиле воздушни напади врз цели на Хезболах низ Либан

ИДФ потврдија дека извршиле воздушни напади врз цели на Хезболах низ Либан

Тел Авив, 18 декември 2025 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека неодамна извршиле воздушни напади врз цели на Хезболах низ Либан, вклучувајќи камп за обука за членови на милитантната група и дополнителна воена инфраструктура.

Во соопштението на ИДФ се обвинува Хезболах дека го користи кампот за обука на оперативци за пукање со боева муниција, ракување со артилериско оружје и складирање оружје, објавува „Тајмс оф Израел“.

ИДФ потврди дека во нападите биле уништени локации за ракетни фрлачи и друга инфраструктура на Хезболах, велејќи дека дополнителни напади биле извршени длабоко во либанската територија врз згради што ги користи Хезболах за складирање оружје и спроведување воени операции.

ИДФ вели дека активностите на Хезболах го кршат договорот меѓу Израел и Либан постигнат минатата година и претставуваат закана за Израел.сд/јт/

фото:МИА архива

Остани поврзан