ИДФ повторно нападна во долината Бека во Либан
- „Тајмс оф Израел“ пренесе дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) сè уште не го коментирале нападот.
Бејрут, 11 септември 2025 (МИА) - Либанските медиуми објавија дека израелските сили извршиле воздушни напади во источната долина Бека.
„Тајмс оф Израел“ пренесе дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) сè уште не го коментирале нападот.
Последниот израелски напад врз Либан се случи минатата недела, кога израелските авиони извршија воздушни напади во источен Либан, поточно во регионите Бека и Хермел, според Ал Џезира.
Нападите биле насочени кон складишта за муниција и воени објекти што ги користи Хезболах, а според извештаите од либанското Министерство за здравство, најмалку пет лица биле убиени, а неколку други биле повредени.сд/
фото:Х
الطيران الحربي المعادي استهدف منطقة الشعرة في البقاع pic.twitter.com/PSntWXZhnZ
— nbnlebanon (@nbntweets) September 11, 2025