• понеделник, 23 март 2026

ИДФ: Иран повторно лансира ракети кон Израел

ИДФ: Иран повторно лансира ракети кон Израел

Ерусалим, 3 март 2026 (МИА) – Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека, по 10 часа, повторно е регистрирано ново лансирање на балистички ракети од Иран.

Сирените за воздушна опасност се огласија во централниот дел на Израел.

Додека во најјужниот израелски град Еилат сирените предупредија на упад на дронови.

ИДФ и итните служби реагираа и на пад на ракета во областа Галилејски прст. За сега нема информации за евентуални жртви. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан