• сабота, 21 декември 2024

ИДФ изведе десетици воздушни напади врз јужен Либан

ИДФ изведе десетици воздушни напади врз јужен Либан

Бејрут, 23 септември 2024 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека од рано утринава извршиле десетици воздушни напади во јужен Либан.

„Тајмс оф Израел“ пренесува дека ИДФ изведува „широки“ напади врз цели на Хезболах во јужен Либан.

Снимки на социјалните мрежи покажуваат големи експлозии во јужен Либан, за кои се верува дека се дел од засилените израелски напади, што ИДФ ги најави утринава.

Скај Њуз јавува за десетици воздушни напади во јужен Либан. Голем облак од чад може да се забележи и над либанско-израелската граница.

Израел наведува дека денешните напади се очекува да бидат посилни од вчерашното силно бомбардирање.

Армискиот портпарол, контраадмиралот Даниел Хагари, утринава изјави дека жителите на јужен Либан добиле порака да се држат настрана од позициите на Хезболах.

Последниот бран воздушни напади уследи по напнатиот вчерашен ден во кој Хезболах истрела повеќе од сто ракети врз северен Израел, од кои некои паднаа во близина на градот Хаифа.сд/

Остани поврзан