• петок, 21 јуни 2024

ИДФ: За 24 часа погодени околу 200 локации на Хамас во Појасот Газа

ИДФ: За 24 часа погодени околу 200 локации на Хамас во Појасот Газа

Газа, 17 декември 2023 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) јавија дека во текот на изминатите 24 часа погодиле околу 200 локации на Хамас во Појасот Газа и откриле подземни тунели на палестинската милитантна група во областа на училиштето на Агенција на Обединетите нации за палестински бегалци (UNRWA).

ИДФ соопшти дека израелската армија пребарала неколку станови што ги користел Хамас во градот Газа и пронашла огнено оружје, експлозивни направи и друга воена опрема.

Во градот Газа, војниците откриле и тунел на Хамас долг 15 метри, што подоцна е уништен во воздушен напад, соопшти ИДФ.

ИДФ наведува и дека е изведен воздушен напад врз складиште на оружје во куќа на оперативен на Хамас, во јужниот дел на Газа, како и врз други седум вооружени членови на палестинската милитантна група во областа Кан Јунис.

Напад бил извршен и врз зграда во близина на училиште на УНРВА, каде што е пронајдена опрема за производство на ракети, наведуваат од ИДФ, додавајќи дека во дворот на училиштето биле пронајдени и три влеза во тунелите на Хамас. сд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан