• недела, 21 декември 2025

ИДФ елиминира командант на Хезболах одговорен за испорака на оружје во Либан

ИДФ елиминира командант на Хезболах одговорен за испорака на оружје во Либан

Тел Авив, 20 април 2025 (МИА) – Еден од командантите на либанскиот Хезболах, Хусеин Али Наср е убиен денеска во напад на израелски дрон во јужен Либан, меѓу Сидон и Тир, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).

ИДФ информира дека целта бил Наср, заменик-шефот на единицата 4.400 на Хезболах, за која израелската војска вели дека е одговорна за шверц на оружје во Либан.

Според ИДФ, Наср, во соработка со Иран, работел на шверц на оружје и пари во Либан за обнова на воените капацитети на Хезболах, пишува Тајмс оф Израел.

Дел од оружјето и парите биле прошверцувани преку аеродромот во Бејрут, тврди израелската армија. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан