• петок, 22 ноември 2024

Игудала: Дурант ќе стане МВП на сезоната 2020/21

Игудала: Дурант ќе стане МВП на сезоната 2020/21
Мајами, 1 декември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Мајами хит, Андре Игудала верува дека играчот на Бруклин, Кевин Дурант ќе биде МВП во НБА за сезоната 2020/21. - Едвај чекам да го видам Кевин како игра. Моето предвидување е дека тој ќе биде МВП на сезоната. Игудала, Дурант и Стеф Кари освоија две шампионски титули заедно со Голден Стејт вориорс (2017, 2018), а Игудала и Кари освоија уште една титула во 2015 година. зс/

Остани поврзан