• петок, 22 ноември 2024

Игуаин и Сари склучиле пакт

Игуаин и Сари склучиле пакт
Торино, 5 јуни 2020 (МИА) - Јувентус бил на пат да се раздели со напаѓачот Гонзало Игуаин, но Аргентинецот направилдоговор со тренерот Маурисио Сари за да остане во тимот. Според „Гаџета дело спорт“, италијанскиот менаџер му помогнал на Игуаин повторно да ја пронајде својата форма, откако го заштити од гласините за заминување и дека е со него во тежок период. Во објавата се додава дека двајцата потпишале пакт за остатокот од сезоната, според кој ќе се фокусираат само на комплетирање на кампањата и освојување трофеи, оставајќи ја настрана иднината на напаѓачот засега. Јувентус сака да го продаде Игуаин, бидејќи „старата дама“ сака да се ослободи од договорот на Аргентинецот, за кој се одвојуваат 7,5 милиони евра годишно. Играчот е поврзан со трансфер во екипите Л.А. Галакси и ДЦ Јунајтед, но не се исклучува и враќањето во Ривер Плата. Игуаин ја покажа својата најсилна форма под Маурисио Сари во Наполи, постигнувајќи 92 голови на 147 натпревари од неговиот трансфер од Реал Мадрид во 2013 година. Минатата сезона двајцата повторно се обединија во тимот на Челси. Актуелниот тренер на Јувентус реши да му даде нова шанса на Игуаин на стадионот „Алијанц“, а Аргентинецот му се заблагодари со 5 голови и 4 асистенции на 23 одиграни натпревари во Серија „А“ оваа сезона.

Тагови

Остани поврзан