• недела, 08 март 2026

Ивана Јовановски повеќе од една година трпела психичко и физичко насилство, но дел од пријавите ги повлекувала, вели Тошковски

Ивана Јовановски повеќе од една година трпела психичко и физичко насилство, но дел од пријавите ги повлекувала, вели Тошковски

Скопје, 7 март 2026 (МИА) - Ивана Јовановски која на 2 март загина заедно со нејзината шестгодишна ќерка по пад од шестиот кат од стан во скопската населба Карпош подолг временски период била жртва на психичко и физичко насилство, а дел од настаните биле пријавувани во полиција и од неа и од соседи, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Според информациите, како што истакнува министерот, сомнежите се дека повеќе од една година таа била изложена најмалку на психичко насилство, а во соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство се обезбедуваат и докази за физичко насилство извршено од страна на нејзиниот сопруг.

- Јас овој трагичен настан не би го свел само на дејствија коишто се поврзани во текот на понеделникот, заради тоа што во оваа ситуација, сопругата на насилникот, условно кажано, затоа што не е се уште тоа процесуирано во рамки на една судска постапка со правосилна пресуда, била негова жртва многу подолг временски период. Сомнежите се дека повеќе од година дена таа била предмет во најмала рака на психичко насилство, вели Тошковски во „Вечерното шоу со Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија.

Во полициската евиденција има повеќе настани поврзани со случајот, од кои најголемиот дел се пријави поднесени од самата жртва или од соседи кои алармирале за психичко и физичко насилство во домот. Полицијата во повеќе наврати интервенирала на лице место.

Сепак, како што посочува Тошковски, во повеќе случаи жртвата по поднесувањето на пријавите ги повлекувала, што претставува чест предизвик при постапувањето во случаи на семејно насилство.

-Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека трагичниот настан не може да се сведе само на случувањата од 2 март, туку дека постојат сомнежи дека насилството траело повеќе од една година. Во тој период, жртвата била изложена најмалку на психичко, а според обезбедените докази и на физичко насилство. Како што информираат надлежните, во полициската евиденција има повеќе пријави поврзани со овој случај. Дел од нив ги поднесувала самата жртва, а дел биле пријавени и од соседи кои алармирале за психичко и физичко насилство во домот. Полицијата во повеќе наврати интервенирала на лице место, вели Тошковски.

Според информациите, на денот на трагедијата жената повторно повикала полиција откако била физички нападната. Полициски службеници пристигнале за кратко време на локацијата каде што таа се наоѓала, но таа изјавила дека немала физички контакт со сопругот и не побарала да се води постапка за семејно насилство, наведувајќи дека недоразбирањата ќе ги решава преку бракоразводна постапка.

-На последната пријава на самиот ден, жртвата повикува полиција затоа што истата е физички удирана од страна на нејзиниот сопруг. Има видео запис којшто констатира удар од страна на сега осомничениот, физички удар во глава со рака. Потоа жртвата бара полиција. За девет минути, мислам дека беше точно, МВР, двајца полициски службеници, една госпоѓа и еден господин во униформа, се упатуваат пред суд каде што жртвата кажала дека се наоѓа. Ја наоѓаат само жртвата пред суд. И притоа жртвата изјавува, за што и потпишува записник своерачно, своерачно го изготвува и го потпишува дека немала никаков физички контакт со насилникот, односно со нејзиниот сопруг, дека не бара да се води постапка поврзана со семејно насилство, и дека на поинаков начин ќе ги реши недоразбирањата со нејзиниот сопруг, дека ќе води бркоразводна парница. Значи повторно се повлекува, вели Тошковски.

Подоцна, по оперативен пат, бил обезбеден и видео-запис на кој се гледа физички удар од страна на осомничениот. По трагедијата е отворена и внатрешна контрола која ќе го преиспита постапувањето на сите полициски службеници кои биле вклучени во случајот.

Тошковски нагласува дека се разгледуваат и можни законски измени со цел да се подобри институционалниот одговор и заштитата на жртвите на семејно насилство, потенцирајќи дека правото на живот е неприкосновено. дма/сст/

Фото: Принскрин

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан