• среда, 28 август 2024

Ибака нов кошаркар на Реал Мадрид

Ибака нов кошаркар на Реал Мадрид

 

Мадрид, 26 јули 2024 (МИА) – Поранешниот шпански репрезентативец Серж Ибака е нов кошаркар на Реал Мадрид, соопшти денеска клубот.

Ибака потпиша едногодишен договор со Реал, а во шпанската престолнина доаѓа од редовите на Баерн Минхен за кого настапуваше минатата сезона.

Минатата сезона за Баерн имаше просек од 12,6 поени, 6,8 скокови и 1,2 блокади по натпревар, а со тимот од Минхен ја освои титулата германски шампион и Купот на Германија.

Ибака се враќа во Реал Мадрид, откако во сезоната 2010/11. го носеше дресот на мадридскиот клуб за време на локаутот во НБА. Притоа одигра шест натпревари за Реал во Евролигата.

Со репрезентацијата на Шпанија освои златен медал на Европското првенство во 2011 година и сребрен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан