• понеделник, 23 декември 2024

Зоран Трифуновски именуван за нов директор на Железници

Зоран Трифуновски именуван за нов директор на Железници

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Владата на денешната седница го именува Зоран Трифуновски за нов директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура - Железници на Република Северна Македонија – Скопје.

Трифуновски доаѓа на местото на Хари Локвенец, кој денеска поднесе оставка. Оставката, како што изјави за МИА, ја поднел од лични причини.  Локвенец беше на функцијата директор на ЈП ЖРСМ - Инфраструктура од ноември 2020 година.

- Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, да го разреши Хари Локвенец од должноста директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура - Железници на Република Северна Македонија – Скопје, на негово барање. За в.д директор е одлучено да биде именуван Зоран Трифуновски, се наведува во соопштението од владината прес-служба. дма/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан