ЗОИ 2026: Штолц со втор олимписки рекорд до злато во брзо лизгање на 500 метри
- Американскиот лизгач Џордан Штолц освои злато на 500 метри, поставувајќи го својот втор олимписки рекорд на Игрите во Италија.
Милано, 14 февруари 2026 (МИА) – Американскиот лизгач Џордан Штолц освои злато на 500 метри, поставувајќи го својот втор олимписки рекорд на Игрите во Италија.
Дваесет и едногодишниот Американец постигна време од 33,77 секунди, што е нов олимписки рекорд и негов втор на Олимпијадата 2026.
Претходно Штолц победи и на трката на 1.000 метри.
Холандецот Енинг Де Бое го освои среброто, завршувајќи 0,11 секунди зад лидерот.
Третото место и бронзениот медал се за Канаѓанецот Лоран Дубреј (+0,49 секунди). зс/
Фото: ЕПА