ЗОИ 2026: Сноубордерите Најтингејл и Бенкс го обезбедија второто злато за Велика Британија
- Британците Хју Најтингејл и Шарлот Бенкс победија во тимската трка мешано во сноуборд крос на Зимските олимписки игри 2026.
Кортина, 15 февруари 2026 (МИА) - Британците Хју Најтингејл и Шарлот Бенкс победија во тимската трка мешано во сноуборд крос на Зимските олимписки игри 2026.
Италијанците Лоренцо Сомарива и Микела Мојоли завршија втори, со заостанување од 0,43 секунди.
Французинките Лоан Боцоло и Леа Каста завршија трети, со заостанување од 0,55 секунди.
За Велика Британија ова е второ злато на Игрите во Италија. Претходно златен медал освои Мет Вестон во скелетон. зс/
Фото: ЕПА