ЗОИ 2026: Познати сите двојки за четвртфиналето на хокеарскиот турнир
- Одредени се сите двојки за четвртфиналето во хокеј за мажи на Олимписките игри 2026.
Милано, 18 февруари 2026 (МИА) - Одредени се сите двојки за четвртфиналето во хокеј за мажи на Олимписките игри 2026.
Шведска е последната репрезентација што стигна до четвртфиналето, победувајќи ја синоќа Летонија со 5:1.
Претходно во текот на вчерашниот ден четвртфинале изборија Чешка, Германија и Швајцарија.
Двојки за четвртфиналето:
Словачка – Германија
Канада – Чешка
Финска – Швајцарија
САД – Шведска.
Натпреварите ќе се играат денес почнувајќи од 12:10 часот редоследно. зс/
Фото: ЕПА