ЗОИ: Машкиот спуст одложен за друг ден поради лошото време
- Машкиот спуст првично закажан за денес на Олимпијадата во Пекинг е одложен, објавено е на официјалната веб-страница на Игрите.

Пекинг, 6 февруари 2022 (МИА) - Машкиот спуст првично закажан за денес на Олимпијадата во Пекинг е одложен, објавено е на официјалната веб-страница на Игрите.
- Натпреварите во спуст за мажи се одложени за друг ден поради временските услови - премногу силни налети на ветер. Засега не се знае новото време за почеток на натпреварот. Ќе обезбедиме дополнителни детали што е можно поскоро, соопшти организаторот.
Почетокот на трката беше закажан за 4 часот по македонско време. Организаторите неколку пати го одложуваа стартното време, по што решија трката да ја преместат за друг ден.
Олимпијадата во Пекинг се одржува од 4 до 20 февруари. зс/