• понеделник, 25 ноември 2024

Знаци, признаци и совети за лоши врски

Знаци, признаци и совети за лоши врски

Сараево, 21 октомври 2024 (МИА) - Љубовта или поточно заљубеноста првично доаѓа со „заслепеност“, а тоа, пак, за жал, понекогаш нè води на погрешен пат. Многумина се нашле во случаи кога, откако првично се заљубиле, потоа сфаќаат дека се работи за лош избор и погрешна љубовна врска.

Во такви мигови, важно е да се препознаат знаците и признаците што укажуваат дека се губи драгоцено време. Такви се изговорите како „ќе ти се јавам подоцна“ или „премногу сум уморен /-а за да зборувам“, на пр., што стануваат вообичаени... Иако сите имаме обврски, важно е партнерот да се чувствува ценет и важен во врската. Ако се чувствуваме запоставено, треба да размислиме колку таквата врска ги исполнува нашите емоционални потреби, објави „Кликс“.

Комуникацијата е клучот за здрава врска. Ако забележите дека партнерот или партнерката ве избегнува или не ги споделува неговите  ејзините чувства, тоа може да значи дека нешто не е в ред.

Во такви случаи, важно е да има прашања и објаснување. Ако вашиот партнер одговори со на пр. - „Отсекогаш сум бил таков/таква“, размислете колку вреди да вложувате со некој што не е доволно отворен за разговор, советуваат стручњаците.

И ако постојано мора да бараме од партнерот да ни даде време (за размислување), секако - може да биде сериозен предупредувачки знак за лоша врска.

Следен знак дека сте во погрешна врска може да биде и комуникацијата - ако таа се одвива само кога вашиот партнер е добро расположен. Ако постојано чекате да му/ѝ се промени расположението пред да може да разговарате, тоа се чини, сериозно укажува дека врската нема здрава и цврста основа. Ако мора да се чека за нешто со денови или недели, преиспитајте го вашиот избор.

Препознавањето на клучните знаци може да биде тешко, но е од битно значење за емоционалната благосостојба. Ако врската не ги исполнува основните критериуми, веројатно „нешто чкрипи“ и време е и да се размисли за иднината и секој да го побара она што навистина го заслужува. Здравата врска треба да биде урамнотежена, а не водена од емоционални бури.  си/паг/

Фото: Фрипик

Остани поврзан