ЗНАМ: Одбележувањето на Денот на независноста нè потсетува дека иднината на државата се гради преку единство, одговорност и визија
8 септември 2025
Делегација на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, која ја предводеше
претседателот на Градската организација Скопје, Мирослав Лабудовиќ,
денес присуствуваше на свечената академија по повод одбележувањето на
Денот на независноста – 8 Септември, што се одржа во Македонската
филхармонија, се наведува во денешното соопштение на ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално.
Присуството на делегацијата на ЗНАМ е потврда дека независноста не е
формалност од минатото, туку трајна задача за сегашноста и иднината.
Жртвата и храброста на граѓаните кои ја создадоа Македонија се нашата
обврска секој ден да изградиме посилна, поправедна и послободна држава.
Одбележувањето на Денот на независноста нè потсетува дека иднината на
државата се гради преку единство, одговорност и визија – вредности кои
ги споделува и за кои силно се залага Движење ЗНАМ за Наша Македонија.
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува целосно посветено на градење
праведно и демократско општество, силни институции и стабилна европска
Македонија која ќе им служи на сите граѓани.
Центар за комуникации и аналитика на ЗНАМ