• петок, 05 декември 2025

ЗНАМ: Куманово ќе стане град-спортски центар

ЗНАМ: Куманово ќе стане град-спортски центар

Куманово, 4 октомври 2025 (МИА) - Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Куманово вети инвестиции во спортските објекти, Соколана, реконструкција на спортскиот комплекс кај Домот на Армијата, спортската сала, игралишта, реконструкција на училишни спортски сали, поддршка за спортистите и рекреативците. Визијата, како што истакна на денешната прес-конференција Синиша Филиповски, кандидат за советник од редовите на ЗНАМ, е Куманово да стане вистински спортски центар.

- Нашата визија е Куманово да биде вистински град на спортот – центар каде што секое дете, секој млад човек и секој рекреативец ќе има пристап до современи спортски објекти и можности. Во следниот период ќе вложиме уште повеќе нови спортско-рекреативни комплекси и модерни игралишта во сите делови на градот, кажа Филиповски.

Во програмата опфатени се велосипедски и трим-патеки, „street workout зони“ и адреналински парк за младите. Проширување на програмите за стипендии и награди за талентирани спортисти и ученици, подобрување на услови за спорт и рекреација во секое училиште, со функционални сали, уредени дворови и училници на отворено.

Филиповски кажа дека во програмата е опфатена реконструкција на Соколана, предвиден нов систем за греење и ладење за спортската сала и соларни панели, реконструкција на спортскиот комплекс во поранешниот Дом на АРМ со мултифункционално игралиште, опрема и трибини.

Во програмата на ЗНАМ предвидно е и реконструкција и доопремување на спортските сали во основните училишта „Крсте Мисирков“, „Кочо Рацин“, „Толи Зордумис“, „Бајрам Шабани“, „Наим Фрашери“, како и нова т во ООУ „Карош“ село Умин дол.

- Куманово е и ќе остане град на спортот. Тоа е нашата визија, нашата цел и нашата обврска. Заедно со младите, со клубовите, со спортските работници и сите љубители на спортот ќе продолжиме да го градиме Куманово како град на победите и на иднината, кажа Филиповски.

Тој потсети дека изминатиов период е реконструиран најголемиот спортски објект – Спортската сала, по Фиба стандарди, со модерно озвучување, осветлување, семафори и нови реквизити, изградени и обновени училишни спортски сали.

- Куманово е град кој отсекогаш пулсирал со спортски дух. Од нашите сали и игралишта произлегле генерации талентирани спортисти, шампиони и идоли на младите. Градот кој ги изнедри освојувачите на олимписки медали и светски европски шампионати, Аце Русевски, Реџеп Реџеповски и многу други, повторно ќе раѓа нови спортски јунаци. Тоа се наши херои кои со гордост го носеле името на градот и на државата на олимпијадите и на светските натпревари. Овде спортот не е само рекреација или натпревар, туку начин на живот – симбол на заедништво, борбен дух и гордост за целиот град, кажа Филиповски. ам/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан