• понеделник, 23 декември 2024

„Златно славејче“ на 18 и 19 ноември во Филхармонија

„Златно славејче“ на 18 и 19 ноември во Филхармонија

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Во просториите на Фалихармонија викендов, 18 и 19 ноември, ќе се одржи 53-то издание на фестивалот на детската песна „Златно славејче 2023“. 

Гостин на фестивалот годинава ќе биде и популарниот Пајак. Пробите во просториите на Сојузот за грижи и воспитување деца на Град Скопје се во тек.

-Претставите почнуваат во 10, 12 и 19.30 часот. Ние сме повеќе од подготвени и расположени за да ги отпееме најновите детски хитови. Се гледаме на ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ 2023, соопштија од фестивалот на нивната фејсбук страница.

Фестивалот „Златно славејче” е основан во 1970 година, а првото издание се одржа на 23-ти мај 1971 година во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје.

Ова е првиот фестивал на детски забавни песни од македонски автори на македонски јазик. Голем број на наши музички ѕвезди ги имаа своите почетоци токму на „Златно славејче”- Тоше Проески, Калиопи, Ана Дурловски, Симон Трпчески, Стефан и Мартин – дуото Некст тајм, Влатко Илиевски, Давид Темелков, Маја Гроздановска Панчева и многу други.бт/аа/

Фото/ Фејсбук страница на „Златно славејче“

Остани поврзан