• среда, 06 ноември 2024

Зијадин Села: Алијансата за Албанците бара техничка влада

Зијадин Села: Алијансата за Албанците бара техничка влада
Тетово, 18 август 2022 (МИА) - Алијанса за Албанците бара да има техничка влада, потврди претседателот на партијата Зијадин Села, откако потпретседателот Арбен Таравари преку социјалните мрежи вчера побара формирање на таква извршна власт за надминување на состојбите во државата. Според партискиот лидер, постојат повеќе аргументи зошто треба да се формира нова техничка влада за да ја води државата. - Сегашната Влада предводена од Димитар Ковачевски нема легитимитет, затоа што тој не е избран на избори. ДУИ нема легитимитет затоа што ветуваше прв премиер Албанец, но тоа не го исполни. Тука се и проблемите со уставните измени, процесот на водење на државата на преговорите со Европската Унија, нефункционалноста на државата поради корупцијата и многу други работи, порача Зијадин Села од Тетово. Партијата на Села во Тетово со отворање на нови канцеларии во центарот на градот ја заврши кампањата за вонредните избори за Совет на Тетово, што ќе се одржат во сабота. - Со овие избори се праќа порака, не се гласа само за Тетово, како општина, зошто Тетово има и други причини, Тетово е повеќе од град, Тетово е наш центар, во кој земаат сила политичките процеси. Тетово во сабота на 20 август има во рака, да даде сила на политичките промени, да и даде сила на Алијансата за Албанците зошто само така може да се постигне тоа што сите Албанци го очекуваат, на наредните парламентарни избори, демократија, слобода, на Албанците, ние сме подготвени, порача Села. ас/сп/

Остани поврзан