Зијаде: Дијалогот меѓу Белград и Приштина останува клучен за решавање на сите прашања, вклучувајќи го и формирањето на ЗСО
- Специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации на Косово и шефица на мисијата на привремената администрација УНМИК, Каролина Зијаде денеска изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина останува клучен за решавање на сите прашања, вклучително и формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО).
Њујорк, 30 октомври 2024 (МИА) - Специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации на Косово и шефица на мисијата на привремената администрација УНМИК, Каролина Зијаде денеска изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина останува клучен за решавање на сите прашања, вклучително и формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО).
На седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации на која се расправа за шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, таа рече дека ситуацијата на северот е кревка, напредокот е бавен и ги оцени како опасни најавите за отворање на мостот на Ибар во Косовска Митровица.
Според неа, акциите на властите во Приштина на северот и на 16 октомври во Србица ја намалиле можноста на малцинските заедници, пред сè на Србите, да добијат пристап до основните потреби, вклучително и здравството и образованието. Таа предупреди на опасност од акциите на таканаречената косовска полиција, која е под истрага за прекумерна употреба на сила.
„Само што дознав дека генералниот инспектор предложил суспензија на двајца полицајци поради апсење на две лица на северот. Затворањето на канцелариите на Поштата на Србија и другите институции е ограничен пристап. Забраната за употреба на динари и конфискацијата на канцелариите на Поштенската штедилница само ја влоши ситуацијата. Властите во Приштина можеби ќе сакаат да извршат контрола врз образовните и здравствените установи на Србите Приказната за отворањето на мостот и се поголемите апсења на косовските Срби доведе до зголемување на граѓанскиот активизам на северот, особено кај жените и студентите. Загрижени сме поради апсењата и забраната за собирање“, рече Зијаде.
Таа додаде дека во моментов е во тек истрага за прекумерна употреба сила од страна на полицајците за време на апсењата и во притворот. рп/
Фото: ЕПА