Зимскиот шаховски фестивал „Езерска кралица“ по втор пат во Струга
- Зимскиот младински шаховски фестивал „Езерска кралица 2024“, следниот викенд по втор пат ќе се одржи во Струга во организација на Младинската шаховска школа „Струга“ и Шаховската школа „Ласкер“ од Охрид.
Струга, 20 декември 2024 (МИА) - Зимскиот младински шаховски фестивал „Езерска кралица 2024“, следниот викенд по втор пат ќе се одржи во Струга во организација на Младинската шаховска школа „Струга“ и Шаховската школа „Ласкер“ од Охрид.
Директорот на Шаховскиот фестивал Ѓоко Котески информира дека на турнирот ќе учествуваат млади шахисти од Струга, Охрид, но и цела држава.
- Турнирот е поделен во четири групи: деца на возраст до осум години, до 10 години, до 12 години и до 14 години. Ќе се игра Швајцарски систем од шест кола со темпо на игра 10+5. Планирано е момчињата и девојчињата да играат во исти групи, но наградите за освоени места да се даваат пооделно, изјави Котески.
Пријавување е до четврток, 26 декември на емаил адресата kgjoko@yahoo.com
- Ги покануваме сите младинци од Македонија претставници на шаховските клубови да земат учество на овој настан, а вооедно ги покануваме сите љубители на шаховската игра да го посетат настанот, вели Котески.
Турнирот е дел од традиционалната манифестација „Езерска кралица“, која годинава слави пет годишен јубилеј. сс/дма/
Фото: Плакат