Зимската служба при општината Кавадарци ја чисти снежната покривка во градот и околните села
- - Зимската служба на општината Кавадарци во моментотов е на терен со три возила, од кои едното е во градското подрачје и првично интервенира на покритичните улици (угорници), а подоцна и на с

Кавадарци, 10 јануари 2022 (МИА) - Зимската служба при општината Кавадарци ја чисти снежната покривка во градот и околните села, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа.
- Зимската служба на општината Кавадарци во моментотов е на терен со три возила, од кои едното е во градското подрачје и првично интервенира на покритичните улици (угорници), а подоцна и на сите други, соопштуваат од Локална самоуправа Кавадарци.
Додаваат дека возило е упатено на регионалниот пат Михајлово и кон селата во Бошавијата, се врши чистење на снежната покривка и посолување со ризла и сол. свд/цр