• среда, 26 јуни 2024

Зиелински доби италијанско државјанство

Зиелински доби италијанско државјанство

Неапол, 7 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Наполи, Пјотр Зиелински доби италијанско државјанство, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Забележано е дека процесот се покажал долг за 29-годишниот Полјак. Тој минатата година го положил потребниот подготвителен испит. Пред две години Зиелински доби право да аплицира за италијанско државјанство, 10 години од неговото прво доаѓање во земјата.

Полскиот фудбалер живее во Италија веќе 12 години. Во 2011 година, тој се пресели од младинскиот тим на Заглебие во Удинезе на 17-годишна возраст. Пет години подоцна стана играч на Наполи, кој за него плати 16 милиони евра.

Зиелински одигра 449 натпревари за италијанските клубови, постигна 65 гола и направи 56 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан