• понеделник, 08 јули 2024

Зенга на клупата на Калјари до крај на сезоната

Зенга на клупата на Калјари до крај на сезоната
Калјари, 3 март 2020 (МИА) - Прославениот италијански фудбалски голман Валтер Зенга (59) ќе биде тренер на Калјари до крај на сезоната. Клупата на калчолигашот од Сардинија ја презема од Роландо Маран кој доби отказ по низата лоши резултати во Серија А. Последниот тренерски ангажман го имаше лани во Венеција. Претходно беше на кормилото на Њу Ингланд Револушн, Брера, романските Национал, Стеауа и Динамо Букурешт, на Газиантепспор, на Ал Аин, Ал Наср, Ал Џазира, Ал Шаб, на Вулверхемптон, на Црвена звезда и на италијанските екипи Катанија, Палермо, Сампдорија и Кротоне. сѓд/ссм/

Остани поврзан