• недела, 22 декември 2024

Земјотрес утрово во тетовско-гостиварскиот регион

Земјотрес утрово во тетовско-гостиварскиот регион
Скопје, 30 март 2021 (МИА) - Земјотрес со јачина од 2,9 степени по Рихтер е регистриран утрово во 6:15 часот. Епицентарот на земјотресот е 65 километри од Скопје, во тетовско-гостиварскиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот е почувствуван во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала. бак/сст/

Остани поврзан