• петок, 05 декември 2025

Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди источниот брег на Камчатка

Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди источниот брег на Камчатка

Москва, 13 септември 2025 (МИА) – Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

По силниот земјотрес беше прогласена опасност од цунами на Камчатка и Курилските острови, соопшти гувернерот на рускиот регион Владимир Солодов.

Според руската геофизичка служба, јачината на земјотресот била 6,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал на 123 километри од Петропавловск Камчатски, на длабочина од 46,8 километри. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан