• петок, 22 ноември 2024

Земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди Индонезија, нема предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди Индонезија, нема предупредување за цунами

Џакарта, 8 ноември 2023 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на Бандското Море во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). 

Епицентарот на земјотресот бил на 370 километри југоисточно од Амбон, на длабочина од 146 километри, додава EMSC. 

Нема предупредување за цунами од земјотресот, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување од цунами (ПВТЦ), пренесуваат британските медиуми.сд/

Остани поврзан