• петок, 05 декември 2025

Земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди западниот дел на Турција

Земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди западниот дел на Турција

Анкара, 27 октомври 2025 (МИА) – Земјотрес со јачина од 6,1 степен вечерва го погоди округот Синдирги во западната турска провинција Баликесир, соопшти Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција (АФАД).

Според АФАД, земјотресот се случил во 22:48 часот по локално време (19:48 по Гринич), на длабочина од 5,99 километри. Бил почувствуван и во околните провинции, меѓу кои и Истанбул, пренесува Анадолија.

– АФАД и другите надлежни институции започнаа теренски проверки, а извештаите внимателно се разгледуваат,  изјави турскиот вицепремиер Џевдет Јилмаз на националната социјална мрежа NSosyal.

Засега нема информации за жртви или поголеми материјални штети. ссм/

фото: архива

Остани поврзан