• четврток, 12 декември 2024

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба

Хавана, 10 ноември 2024 (МИА) – Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на јужниот брег на островот Куба, недалеку од големиот град Сантијаго де Куба, соопшти Американскиот институт за Геофизика (УСГС).

Епицентарот на земјотресот бил на 14,2 километри под океанот, на околу 35 километри од брегот на Бартоломе Масо и 175 километри од Сантијаго де Куба.

Националниот центар за сеизмолошки истражувања на Куба и локалните власти го потврдија земјотресот, но со јачина од 5,4 степени и додаде дека следеле помали потреси.

Засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета. јт/

Остани поврзан