• четврток, 26 март 2026

Земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер ја погоди југозападна Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер ја погоди југозападна Јапонија

Токио, 4 мај 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на градот Јокусука, во префектурата Канагава, во југозападна Јапонија. 

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 03:48 часот по локално време на околу 675 километри југоисточно од полуостровот Изу со епицентар на длабочина од 23 километри. 

Засега нема извештаи за жртви, ниту за причинета материјална штета. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан