• понеделник, 16 март 2026

Земјотрес со јачина од 5,6 го потресе Тајван, нема податоци за штети

Земјотрес со јачина од 5,6 го потресе Тајван, нема податоци за штети

Тајпеј, 24 февруари 2026 (МИА) – Земјотрес со јачина од 5,6 степени е регистриран денеска во близина на бреговите на североисточниот округ на Тајван – Илан, соопшти локалната сеизмолошка служба.

Засега нема информации за штети.

Потресот накратко ги затресол и зградите во главниот град Тајпеј, јавија локалните медиуми.

Земјотресот се случил на длабочина од 66 километри, соопшти тајванската сеизмолошка служба. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан