• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Земјотрес со јачина од 5 степени во близина на грчкиот остров Закинтос

Земјотрес со јачина од 5 степени во близина на грчкиот остров Закинтос

Атина, 11 јули 2025 (МИА) – Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ истакна дека „не постои причина за загриженост, бидејќи е во подводниот дел“, но и дека има простор и за многу поголеми земјотреси без да се создадат проблеми.

По големиот земјотрес следеа неколку помали меѓу 2,2 и 2,8 степени. ср/

Остани поврзан