• сабота, 23 ноември 2024

Земјотрес со јачина од 4,7 степени кај брегот на Крф

Земјотрес со јачина од 4,7 степени кај брегот на Крф

Атина, 22 март 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово јужно од грчкиот остров Крф.

Земјотресот се случил во 7 часот и 20 минути по локално време и бил почувствуван на островот, а епицентарот бил на длабочина од 9,2 километри, пренесува Катимерини.

Грчката агенција за планирање и заштита од земјотреси (ОАСП) соопшти дека во раните утрински часови се случил уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 20 километри југозападно од островот Отони.

Нема информации за штети во овие земјотреси. паг/



Остани поврзан