Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтер го погоди Перу
- Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Перу, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт.
![Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтер го погоди Перу](https://mia.mk/images/20240712130021_big_730x400_49.webp )
Лима, 12 јули 2024 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Перу, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил на длабочина од 68 километри и на околу 200 километри југоисточно од градот Ица.
Засега нема информации за повредени или евентуална материјална штета. рп/
Фото: МИА архива