• недела, 06 октомври 2024

Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтер реистриран во подрачјето на Охрид

Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтер реистриран во подрачјето на Охрид

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа на подрачјето на Охрид.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вешерва, 7.07.2024 година во 22 часот и 52 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 120 km југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, како и во пограничните делови со територијата на Албанија. нд/

Фото: МИА архива

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан