• четврток, 26 март 2026

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

Скопје, 7 септември 2025 (МИА) - Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала синоќа е регистриран во земјава.

Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Кичево, 75 км југозападно од Скопје. 

Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје утринава информираше дека земјотресот е регистриран вчера во 20 часот и 39 минути и е со Рихтерова локална магнитуда, 2.7..

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Кичево, Охрид и околината. вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан