• недела, 22 декември 2024

Земјотрес од 6,6 степени на Филипини

Земјотрес од 6,6 степени на Филипини
Манила, 24 јули 2021 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Филипините. Земјотресот е регистриран меѓу островот Миндоро и главниот град на Филипините, Манила, објавија светските агенции. Епицентарот бил на длабочина од 173 километри. Сè уште нема информации за опасност од цунами. паг/    

Остани поврзан