• понеделник, 23 декември 2024

Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер во реонот на Маврово

Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер во реонот на Маврово
Скопје, 12 март 2021 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистиран вечерва во 22:17 часот со епецентар на 65 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според Европско-медитеранскиот сезимолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар. - Според досегашните податоци овој земјотрес беше најсилно почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, a во останатите делови со интензитет од III-IV степени според истата скала, информира Сеимолопката опсерваторија. Во 22 часот и 28 минути во истото епицетрално подрачје е региситриран и втор потрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтер. Овој потреес најсилно е почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Тетово, Гостивар и Кичево со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала. Претходно, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека нејзината телеметриската сеизмолошка мрежа вечерва во 20 часот и 40 минути, регистрирала земјотрес со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје. - Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда од 3,0 степени. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Дебар, Гостивар, Кичево и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија. сп/

Остани поврзан