Земјотрес од пет степени во турскиот регион Кахраманмараш
- Земјотрес со јачина од пет степени е регистриран денеска во 11 часот и 56 минути на територијата на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Анкара, 11 јуни 2023 (МИА) - Земјотрес со јачина од пет степени е регистриран денеска во 11 часот и 56 минути на територијата на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Според центарот, земјотресот бил лоциран на 71 километар северозападно од градот Кахраманмараш на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Областа Кахраманмараш беше епицентарот на разорните земјотреси на 6 февруари годинава, со јачина од 7,7 и 7,6 степени. Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во земјотресите, а околу 115.000 беа повредени. паг/
Фото: МИА архива