• четврток, 26 март 2026

Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени

Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени

Скопје, 4 август 2025 (МИА) - Земјотрес со епицентар во подрачјето Тетово - Гостивар, 39 километри западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 2.7, е регистриран попладнево во 16 часот и 14 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. мч/вј/

фото: МИА

 

 

 

 

 

Остани поврзан